yahoo-paranoids

Тврдењето дека компаниите до тој степен се грижат за приватноста на своите корисници што ќе ги известат доколку се сомневаат дека властите се обидуваат да ја пробијат нивната сметка, стана можеби и еден вид на маркетинг тактика.

Во време кога се поставува прашањето дали воопшто има останато нешто од приватноста, најголемите ИТ компании се приклучуваат на овој тренд. Google, Facebook, Twitter се едни од овие компании, а на групата се приклучува и Yahoo.

Од компанијата преку блог статија известуваат дека планираат да ги известат своите корисници доколку силно се сомневаат дека нивната сметка е предмет на напад за кој што се сомневаат дека може да доаѓа од властите.

Како дел од овој напор, Yahoo сега ќе ве извести доколку силно се сомневаме дека вашата сметка може да е цел на спонзориран од државата чинител. Ќе ги овозможиме овие конкретни известувања со цел нашите корисници да можат да ги преземат потребните мерки за да ги заштитат нивните сметки и уреди во пресрет на овие софистицирани напади.

Боб Лорд, Главен директор за безбедност во Yahoo

Од Yahoo истакнуваат дека добивањето на вакво известување не значи дека сметката на корисникот е пробиена. Тоа значи дека тие се сомневаат дека некој се обидува да ја пробие, па корисниците ќе имаат шанса да ја зајакнат безбедноста на својата сметка.

Од компанијата исто така нагласуваат што може еден корисник да преземе за да ја зголеми безбедноста на својата сметка. Тука влегуваат вклучувањето на дво – факторска автентикација, користење на добра лозинка, вклучување на информации за обновување на сметката, известувања за најавување на сметката и слично.

Се прашуваме дали овие компании навистина се решени да одат контра центрите на моќ и властите, па обидите за пробивање на нечија сметка да резултира со известување на корисникот.

Извор: Yahoo, PCMag

Претходна статијаWindows 10 е инсталиран на повеќе од 200 милиони уреди?
Следна статијаМаркетинг директор на Microsoft го најави Surface Phone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.