WiFi

WiFi Алијансата го прогласи за официјален новиот безбедносен стандард WPA 3. Тој со текот на времето ќе го замени својот претходник WPA2.

Кратенката која означува WiFi Protected Access (Заштитен пристап до безжична мрежа) го добива своето 3-то продолжение по речиси 2 децении. Скоро секој уред кој поддржува функција на поврзување со безжична мрежа го исполнува овој критериум.

Пропустите кои беа забележени во изминатите години ги натераа производителите да официјализираат нов, напреден безбедносен систем. WPA 3 има 3 особено важни сегменти кои работат во функција на безбедноста. Првиот од трите е индивидуалната енкрипција. Тоа ќе значи дека сообраќајот кој се одвива помеѓу рутерот и уредот кој е поврзан ќе биде индивидуално енкриптиран. На тој начин нема да може да дојде до мешање на непосакувана трета страна.

Вториот сегмент ќе оди на заштита од т.н. повторливи напади. Натрапниците често се користат со „речници“ кои содржат често употребувани лозинки. Со WPA 3 стандардот, пристапот ќе биде забранет по неколку безуспешни обиди.

Третиот сегмент е самата енкрипција која се покажа како недоволно сложена. Па, во таа насока поставен е нов стандард за енкриптирање. За овој сегмент нема речиси никакви информации освен тоа дека се работи за 192-битен безбедносен пакет. Новиот стандард ќе започне да се применува во текот на годинава.

Извори: GHacks, The Verge

Претходна статијаPeloton е лента за трчање вредна 4000 долари
Следна статијаОтворен повик за студирање на постдипломските студии на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана во Скопје