B-uku96UEAALJ0K.png large

За разлика од конкурентот кој што во Македонија најверојатно повеќе се користи, Viber, WhatsApp нема десктоп верзија од својата мобилна апликација. Тоа до некаде беше исправено минатиот месец кога беше претставен веб пристапот до WhatsApp, што на еден начин овозможува десктоп користење на апликацијата.

Активирањето на веб пристапот функционира преку web.whatsapp.com страната, на која што се поврзувате со скенирање на QR кодот преку вашиот мобилен телефон. Разговорите продолжуваат да бидат зачувани на мобилниот телефон, а веб пристапот само врши прикажување на истите преку вашиот прелистувач. Тоа значи дека за да може да функционира веб пристапот, потребно е телефонот да е приклучен на интернет.

При претставувањето, веб пристапот беше ограничен само преку Chrome прелистувачот, како и за мобилните апликации на Android и Windows Phone, додека iOS верзијата е исклучена поради ограничувања на платформата, како што истакнаа од WhatsApp.

Од оваа недела веб пристапот е овозможен и за другите прелистувачи, поточно за Firefox и Opera. Корисниците на истиот начин ќе треба да го поврзат телефонот преку скенирање на QR код, по што ќе можат да ги прават своите разговори преку прелистувачот кој што го користат.

Извор: WhatsApp

Претходна статијаЕдна студија вели дека можеби темната материја е одговорна за масовните изумирања на Земјата
Следна статијаКако Microsoft го замислува развојот на технологијата во наредните 5-10 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.