twitter_logo

„Twitter развива нов производ кој што ќе им дозволи на корисниците да споделуваат твитови кои што се подолги од лимитот на компанијата од 140 карактери, според повеќе луѓе запознаени со плановите на компанијата“ – пишува порталот Re/Code.

Официјален коментар од Twitter нема, а исто така не се достапни ни повеќе детали околу оваа можност, односно како истата би била имплементирана.

Една од можностите за која што наводно се разговара во компанијата е тргање на имињата на корисниците, како и линковите од броењето на должината на објавата. Со тоа корисниците повторно би имале 140 карактери, но би можеле целосно да бидат искористени за коментарот кој што се остава.

Лимитот на карактерите во објавите е една од главните карактеристики на оваа социјална мрежа, нешто што може да се каже дека ја направи популарна и во форма која што е до ден денес. Поради тоа, одлуката да се промени оваа главна карактеристика не може да се очекува дека би била донесена брзо и едноставно.

Меѓутоа, Facebook активно работи на задржување на својата популарност, како и проширување на влијанието и видот на корисници, а тоа очигледно не им оди лошо. На оваа социјална мрежа корисниците имаат можност за долги објави, нешто што и неретко се користи. Оваа социјална мрежа дури навлезе и во територијата на блог платформите со промена на Facebook Notes од оваа недела.

Извор: Re/Code

Претходна статијаGoogle ги претстави двата нови Nexus телефони
Следна статијаОтворен е нов веб-сервис за промоција на македонскиот туризам
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.