surface-wp2-11-e1438158350548

Верните фанови на Windows Phone најмногу се надеваат дека оваа година Microsoft ќе претстави телефон под брендот на успешната Surface серија на таблет и лаптоп компјутери.

За разлика од Lumia уредите, Surface производите се покажаа како навистина популарни, па корисниците се надеваат дека телефон под овој бренд би можел конечно да ја извади Windows Phone платформата од ниската пазарна позиција.

Излегувањето на информацијата оваа недела дека Microsoft го има во сопственост surfacephone.com домејнот, сигурно оди во правец на потврдување на надежите на фановите. Домејнот дури пренасочува кон Surface страната на Microsoft.com.

Веќе имаше информации и дека од Microsoft индиректно има потврдна информација за тоа дека ваков телефон е барем земен во предвид.

Меѓутоа, сепак оваа нова информација не може да се земе како еден доказ повеќе за тоа дека Surface Phone е во изработка. Домејнот Microsoft го има купено уште пред повеќе од една година, а под брендот на Surface се земени уште многу други домејни како surfacecar.com, surfacemouse.com, surfacelaptop.com и други.

Ова покажува дека Microsoft ќе го користи Surface брендот, па поради тоа сака да ги има поврзаните домејни, за постојните производи, но и за теоретски некогаш можните производи во иднина.

Извор: VB, The Verge

Претходна статијаApple ќе ја претстави третата генерација на iPad Air во март после подолгата пауза?
Следна статијаApple отповикува Mac и iPhone полначи на сервис, поради можност да ве фати струја – опфатена е и Македонија!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.