Најпопуларната социјална мрежа, Facebook, обрнува особено внимание на заштитата на приватноста на своите корисници. Меѓутоа, покрај големиот напор кој тие го вложуваат, сепак постојат „пукнатини“ кои вештите ќе знаат да ги искористат доколку сакаат да осознаат повеќе во врска со вашата приватност, веројатно и повеќе одошто вам би ви одоговарало. Алатките со кои Facebook се служи за да ги заштити своите корисници се исклиучително комплицирани и постојано се менуваат.

Stalkscan е независна апликација, која служи како алатка за да откриете кои приватни иформации се јавно или само на вас достапни за извесен профил. Според искуството на корисниците Stalkscan го користи вградениот пребарувач на Facebook за да дојде до информациите. Тоа би значело дека како корисник на социјалната мрежа, преку оваа алатка, воедно ќе имате пристап до информации кои се видливи исклучиво за вас.

Како функционира?
Апликацијата нуди сличен, речиси идентичен, приказ на податоци, слики, информации и сл. како и самиот пребарувач. Меѓутоа, можете да го искористите и доколку сакате да проверите што од вашите информации е достапно на социјлната мрежа. Сличен ефект ви нуди и “View As”  опцијата која е одамна во функција, со исклучок дека не нуди опција да пребарувате на конкретна тема за конкретна личност.

Практична намена?
Пракитчно, оваа алатка би можела да биде особено корисна доколку сакате да извршите увид на вашиот профил, кој да речеме го имате долго време. Голем број фотографии, податоци и сл. веројатно ги имате прикачено уште пред  Facebook да воведе лимитирање на публиката за одделни постови. Па така, би се зачудиле колку ваши стари фотографии, постови или друг вид на информации се се’ уште достапни речиси секому. Stalkscan ќе ви помогне да го надоградите вашиот „правилник“ за приватност.

Важно е да се напомене дека постои голема закана од злоупотребување на податоци, од каде всушност и потекнува идејата Facebook да работи на механизми кои ја ограничуваат публиката, па доколку претходно не сте обрнале внимание на овој сегмент, сега е навистина крајно време.

Извор: LifeHacker

Претходна статијаGoogle бара од LG свитлив OLED дисплеј за новите Pixel смартфони
Следна статијаGalaxy S8 руши рекорди – нарачани 550.000 модели во Јужна Кореја за само два дена