Случаеви на пробивање на масовно користени сервиси не е нешто што се случува до толку ретко, односно се има случено доволно често да корисниците треба да се замислат за својата приватност на интернет.

Овие пробивања ја извадија на површина и несериозноста на корисниците кога е во прашање нивната свесност за интернет безбедноста. Тие до ден денес користат едноставни лозинки како што се 123456, password и јасно ви е на што мислиме.

Креаторот на веб страната Have I been Pwned, која ни овозможи да провериме дали некоја од нашите онлајн сметки била дел од случаевите на пробивање на сервисите, сега ја прошири својата функционалност и на лозинките.

Поточно, на оваа веб страна можете да внесете било која фраза и да видите дали таа некогаш била користена како лозинка која што била пробиена од страна на хакери.

Не би препорачале да внесете некоја од вашите актуелни лозинки, па најдобро би било да проверите само некоја од лозинките која порано ја имате користено.

Интересно е што можете да си „поиграте“ со сервисот и да видите какви се лозинки се користат, па така јас го внесов моето име и испадна дека тоа било користено како лозинка која била пробиена.

Ова се разбира ќе биде случајот со повеќето имиња, а тоа само го потврдува погорното тврдење дека корисниците едноставно не користат сложени лозники.

Во оваа прилика би сакал уште еднаш да ви препорачам користење на некој од достапните Password Managers како LastPass на пример. Овие сервиси покрај тоа што ги чуваат сите вашите лозинки, со што ви се овозможува да не мора да ги памтите и да ги користите истите, тие овозможуваат и генерирање на сложени лозинки кои би требало да бидат потешки за пробивање.

Извор: TNW

Претходна статијаПротекоа фотографии од Nokia 8 со вклучен дисплеј на кој ги има и спецификациите
Следна статијаGalaxy S9 ќе има нова технологија за матичната плоча, која ќе отвори простор за поголема батерија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.