yahoo-mail-logo-370x229

Непозната бројка на email кориснички сметки се пробиени во хакерски напад извршен во последните 24 часа. Yahoo јавно ја објави оваа информација, меѓутоа повеќе информации за бројката на пробиени сметки и сериозноста на нападот, односно штетата направена сеуште нема.

Според известувањето забележан бил координиран обид за пристапување до поголем број на кориснички сметки. Веднаш по забележување на истото превземени се мерки за заштита на корисниците преку ресетирање на лозинките на засегнатите сметки, па на наредното најавување тие корисници ќе мора да ја сменат истата. Засегнатите корисници исто така е можно да добијат и известување преку email дека нивната сметка била неовластено пристапена во овој напад.

Според Yahoo нападот е направен преку поседување на база на кориснички имиња и лозинки кои биле искористени во обидот за неовластено најавување на сметките. Базата, наводно не е добиена преку пробивање на Yahoo серверите, туку преку пробивање на серверите на трети сервиси. Со други зборови пробиени се корисничките имиња и лозинки на други сервиси, па истите се искористени во обидот за најавување на Yahoo Mail. Ова претставува проблем поради фактот што голем број на корисници користат иста лозинка на повеќе сервиси, па доколку истата биде пробиена на еден, многу лесно може да се пристапи и до другиот сервис на кого е користена истата лозинка.

Информациите исто така покажуваат дека за пристапување на Yahoo Mail сметките користен е малициозен софтвер кој што ја користел листата на кориснички имиња и лозинки и имал за цел да ги добие имињата и email адресите кои што корисниците најчесто ги користеле при испраќање на пораки.

Без разлика дали вашата сметка е дел од пристапените сметки, ви препорачуваме да ја промените вашата лозинка и при тоа да користите повеќе карактери, со големи и мали букви, бројки и знаци. Лозинката не треба да би некој збор кој што лесно може да биде откриен. Исто така доколку некоја лозинка ја користите на повеќе од еден онлајн сервис, променете ги со различни лозинки за секој сервис посебно.

Извор: Yahoo

Претходна статијаSatya Nadella ќе биде новиот CEO на Microsoft
Следна статијаМожна Android конзола од Amazon
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.