SavetoOneDrive2-final-1

Microsoft од оваа недела воведе можност за директно зачувување на фајловите добиени на email преку Outlook.com во OneDrive. Ова можеби е посебно корисно за корисниците на уреди со помала меморија, а фајловите и така на крајот ќе ги стават во облакот.

Зачувувањето на фајловите од Outlook.com е едноставно, а истото е додадено како посебно копче до самиот фајл. Со притискање на Save to OneDrive, фајлот наместо да се симне на вашиот компјутер, автоматски ќе биде зачуван во облакот во посебна папка за таа намена. Папката која што исто така е автоматски креирана е наречена Email attachments, па процесот не може да биде поедноставен.

Фајловите кои што се добиваат преку email, можат да бидат зачувани еден по еден, но и сите заедно доколку тоа е потребно, а има повеќе фајлови. Видот на фајлови кои што можат да се зачуваат не е ограничен, односно се што би добиле преку email и можете да го симнете, во овој случај може да биде зачувано во OneDrive.

Со зголемувањето на просторот кој што се нуди со сервисите во облакот, ваквата нивна интеграција станува природна и логична. Gmail веќе подолг период ја има оваа интеграција, а истото е достапно и на мобилните уреди.

Извор: Office Blogs

Претходна статијаDropbox официјално достапен за Windows Phone, а надграден на Windows 8
Следна статијаКако до подобро утре во новиот Милениум: Се започнува од поединецот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.