Можноста за вградување (embedding) на мапите од Google Maps постои одамна. Истата се користи кога сакате да ставите мапа директно на вашиот сајт или блог, без притоа посетителите да ги пренасочувате на страната на Maps, па се што е поврзано со мапите да го видат и проверат директно на намалена верзија од Google Maps.
Google Maps веќе одреден период се редизајнирани и нудат одредени нови функции. Меѓутоа можноста за вградување на „новите“ мапи не беше веднаш достапна. Сега Google ги направите достапни новите мапи за вградување на сајтовите. Истите се интерактивни и доколку во моментот на прегледување сте логирани со вашата Google сметка, на вградената мапа ќе ги видите вашите зачувани локации и ќе може директно да зачувате нови. Вградувањето на мапа се прави преку притискање на Embed map опцијата, на која што ја избирате големината на мапата, па го копирате линкот и истиот го додавате на вашит сајт.
Во продолжение можете да погледнете како изгледа вградена мапа.