OfficeUNLIMITED_SISU_finalBranded

Не толку одамна, односно пред само неколку месеци просторот за складирање на податоци во OneDrive за претплатниците на Office 365 беше зголемен на 1TB. За повеќето корисници ова е простор кој што никогаш нема да го достигнат, па дури ни приближно. Денес Microsoft преку својот OneDrive блог најави дека го трга овој лимит за корисниците на Office 365 и тие почнувајќи од денес, па во наредните месеци ќе немаат лимит.

Оваа промена ќе важи за корисниците на Office 365 Personal, Home и University претплатниците, додека за корисниците на Office 365 Business промената ќе почне да се применува од идната година. Ова е и разбирливо со оглед на тоа што бизнис корисниците користат многу повеќе простор за разлика од приватните корисници за кои што оваа промена нема да значи многу.

Во Септември Microsoft исто така го зголеми лимитот на големината на фајловите кои што можете да ги прикачите во облакот на OneDrive од 2 GB на 10 GB. Ова беше логичен потег со оглед на големината на просторот која што е понудена на корисниците, нешто што би било скоро бескорисно доколку фајловите кои што ги прикачуваат корисниците се со мала големина.

Инаку, претплатите за Office 365 почнуваат од 330 денари месечно за Personal пакетот кој што овозможува инсталирање на Office програмите на еден компјутер и еден таблет компјутер. Home пакетот чини 470 денари месечно и со него добивате можност за инсталација на Office програмите на до 5 компјутери и 5 таблет компјутери.

Оваа промена дефинитивно ќе направи разлика на пазарот на cloud сервиси на кој што моментално најпознати се Google, Dropbox, Amazon и други.

Доколку не сакате да чекате додека неограничениот простор биде овозможен за вас, можете да се пријавите преку следниот линк за побрзо добивање на истиот.

Извор: OneDrive, ZDNet, The Verge

Претходна статијаiPad Air 2 свиткан и скршен од корисник на YouTube
Следна статијаОткриен нов вирус кој напаѓа системски фајлови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.