Instagram минатата година ја претстави својата нова функција наречена Stories која во тој период беше позната како директна копија на Snapchat. Оваа апликација се покажа како популарна кај младите корисници, па конкуренцијата реши да почне да „ги копира“.

Instagram Stories верувам дека денес нема потреба од претставување. Се работи за можност која овозможува објавување на слики или видеа на кои може да се додадат ефекти, а истите се прикажуваат на посебен дел од апликацијата и ги снемува после еден ден. Овие објави не се дел од профилот на корисникот, па се покажаа како интересен дел за честа објава на слики кои нема да го преполнат профилот на корисникот со секакви слики.

Instagram оваа недела излезе со статистика која покажува дека корисниците ја имаат прифатено оваа функција одлично и таа изгледа е повеќе популарна и од Snapchat.

Со повеќе од 250 милиони корисници дневно, Instagram Stories стана поинтересен дел и од „обичниот“ профил на корисникот.

Корисниците до 25 години поминуваат во просек по 32 минути на Instagram, додека тие постари од 25 години по 24 минути.

Од компанијата со цел да го задржат интересот на корисниците, а и да го зголемат, редовно воведуваа нова функции, како на апликацијата, така и на Stories делот. Очигледно тоа го направија како што треба, па мрежата и нејзините функции станаа едни од најпопуларните кај корисниците.

Instagram е во сопственост на Facebook, па имаме уште еден пример како оваа компанија стана главното место за корисниците на интернет, без разлика дали со нејзините основни сервиси или со поновите.

Извор: Instagram, TechCrunch

Претходна статијаAV-TEST.ORG – тест резултати за јуни 2017 за домашни корисници на Windows 10
Следна статијаFacebook исклучи компјутер со вештачка интелигенција кој измисли свој јазик
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.