Хаштаговите се интересен и популарен начин со кој корисниците и даваат значење на сликата или видеото кои ги имаат објавено. Доколку сте активен корисник на оваа друштвена мрежа, сигурно ги имате забележано, ако веќе вие не ги користите.

Од оваа недела Instagram ќе ни овозможи да ги следиме хаштаговите како било која друга најобична сметка, односно како што тоа го правиме со нашите пријатели. По следењето на некој хаштаг, сликите и видеата кои се објавуваат ќе ни бидат прикажувани заедно со другите кои веќе ги гледаме.

На овој начин, истакнуваат од Instagram, корисниците ќе можат уште подобро да откријат слики и видеа кои ќе им бидат интересни, односно поврзани со нивните интереси.

Начинот на којшто може да се следи одреден хаштаг е едноставен. Се што треба да се направи е да се најде саканиот хаштаг, а тоа може да се направи преку пребарување или притискање директно од некоја слика, по што е истакната можноста за следење на истиот.

Хаштаговите кои ги следи одреден корисник ќе бидат дел од посебна листа, исто како што тоа е случајот со пријателите кои ги следи. Како и во тој случај, доколку корисничката сметка е приватна, листата ќе може да ја видат само пријателите.

Извор: Instagram, Engadget

Претходна статијаMicrosoft Edge на Android веќе симнат повеќе од 1 милион пати
Следна статијаОтворен повик за постдипломски студии по економија и бизнис на Економски факултет – Љубљана во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.