Популарната апликација за споделување медиа содржини, Instagram, воведува нов сервис во својата понуда. Откако успешно ги „копираа“ Stories од Snapchat, сега планираат да „украдат“ од Pinterest. Како што може да се забележи, Instagram планира да ги инкорпорира најинтересните или најспецифични елементи од другите слични апликации, нудејќи се себеси како единствена и најпрактична платформа за споделување на слики и видеа.

Се работи за зачувување на фотографии преку новиот начин наречен Collection. Вашите омилени фотографии од храна, автомобили и сл., може да ги групирате и зачувате во засебни фолдери. За да креирате нова „колекција“ или за да додадете во неа нова фотографија, тоа можете да го направите преку опцијата Bookmark. Истото важи и за оние постови кои веќе ги имате сочувано.

Потребата за воведување на ваков сервис, доаѓа од причината што многумина го користат Instagram како инспирација при уредување на својот дом, следење на модни трендови и слично, па ова е одличен начин за организирање на содржините кои ви се интересни. Важно да се напомене е дека зачуваните содржини, како и новововедените „колекции“ се сосема приватни и не постои начин да бидат јавно објавени.

Извор: Instagram, Mashable

Претходна статијаОва е финалниот iPhone 8 дизајн?
Следна статијаБатериите од иднината ќе бидат азотни