Можноста за „стриминг“ обично беше користена од страна на брендовите, медиумите и слични корисници на друштвените мрежи, меѓутоа оваа функција сега е толку широко достапна што секој може истото да го направи.

Instagram како една од најмногу популарните мрежи, а посебно во последно време, веќе одреден период овозможува пренесување на видео во живо со кое корисниците пренесуваат одредени настани на кои се наоѓаат.

Апликацијата за Android и iOS отсега ќе им дозволи на корисниците да побараат да се приклучат на преносот во живо од видеото кое го гледаат, па и тие да бидат дел од тој пренос. Оваа можност е достапна на мрежата веќе одреден период, а новината овозможува и самите корисници да побараат да бидат дел од преносот.

Можностите кои ги нуди оваа функција се интересни, а посебно на запад каде познатите личности се прилично активни на друштвените мрежи со огромен број на „верни“ следбеници.

Извор: Instagram, TNW

Претходна статијаИзградбата на Apple Park е при крај – снимки од дрон од ноември 2017
Следна статијаПрв поглед во технологијата за автономни возила на Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.