294px-Picasa_Logo

Не сме сигурни колку од вас се’ уште ја паметат, а не па да ја користат старата и позната Picasa, но доколку има такви овие вести нема баш да ви се допаднат. Google реши да го прекине развојот на оваа програма и сервис и да ги концентрира своите ресурси на едно решение наменето за организирање и споделување на фотографии, а тоа е Google Photos.

Сите Picasa Web албуми веќе се достапни преку Google Photos, апликација којашто беше значително унапредена во централно место за менаџирање и споделување на слики минатата година.

Официјалниот крај на Picasa нема да биде веднаш, а ќе се случи на две клучни дати. Од 15-ти март ќе биде тргната достапноста на десктоп програмата, а со тоа и нејзиниот развој. Корисниците коишто претходно ја имале симнато или ќе решат да ја симнат до оваа дата, ќе можат да ја користат, меѓутоа за истата веќе нема да има нови верзии.

1-ви мај ќе биде официјалниот датум кога целосно ќе престане Picasa сервисот со што ќе бидат тргнати и веб албумите. Тие се разбира нема да бидат избришани и корисниците коишто нема да сакаат да пристапуваат до нив преку Google Photos ќе можат целосно да ги симнат, а и споделуваат преку посебно направена страна којашто ќе биде претставена до тој период.

Picasa_3.9

Новата страна нема да овозможува нивно организирање, промена, како и прикачување на нови слики. За таа цел сепак ќе мора да се користи Google Photos сервисот.

Со исклучок на мал број на недостатоци, не гледаме причина зошто Google Photos не би можел да биде соодветна замена за Picasa. Главната разлика е што за Google Photos моментално нема десктоп клиент, а нема ни најави дали некогаш ќе биде направен.

Овој сервис е развиен за денешното време на мобилни уреди, па повеќето корисници ги прават и менаџираат своите фотографии преку овие уреди. Десктоп клиент сигурно им фали на многу мал број на корисници.

Извор: Google, PCWorld, Android Central

Претходна статијаЊу Менс Бизнис Акселераторот ја претстави македонската и балканската стартап сцена на Стенфорд во Силиконската долина
Следна статијаLG претстави два нови смартфони од средната класа со уникатни карактеристики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.