Можеби во нашата земја тоа е ретка појава, меѓутоа на светско ниво објавата на слики кои личноста на тие слики не би сакала да бидат објавени, се случува не толку ретко. Се разбира, кога говориме за слики кои некој не би сакал да бидат објавени, обично се мисли на слики со целосна или делумна голотија или сексуални слики.

Најчесто до објава на ваквите слики без одобрување од сопственикот доаѓа по губење на мобилниот телефон, а исто така познат начин е објавата на сликите од страна на поранешниот партнер, по не толку доброто завршување на врската.

Моментално Facebook овозможува корисниците да пријават одредена објавена слика, по што по проверка од компанијата ја тргаат од нивната мрежа.

Сега од компанијата работат на прилично нестандарден и интересен начин на спречување да ваквите слики воопшто бидат објавени, па да мора да се интервенира да бидат тргнати.

Тестирањето на овој начин започна да се спроведува во Австралија, а во јавноста предизвика доста негативни реакции.

Во основа, Facebook бара од корисниците кои имаат одредени слики кои не би сакале да бидат објавени, а се сомневаат и плашат дека тоа може да се случи, да истите ги испратат самите на себе преку Messenger. Претходно тие корисници пополнуваат формулар, во овој случај од канцеларијата на Комесарот за е-Безбедност во Австралија, по што канцеларијата комуницира со Facebook.

Од Facebook истакнуваат дека властите не ги добиваат сликите, туку тие само го пријавуваат корисничкиот профил кој што ќе изврши прикачување на сликите на Messenger.

Прикачените слики потоа се разгледуваат од вработени во Facebook, што значи корисниците треба и тоа да го земат во предвид, по што ги означуваат електронски за да може да бидат препознаени. Доколку некој се обиде да ги објави истите слики на Facebook, да ги прати на Messenger или да ги објави или прати на Instagram, истите ќе бидат блокирани, односно нема да може да бидат објавени.

По завршување на процедурата корисникот треба да ги избрише сликите, по што од Facebook тврдат дека истите се бришат и од нивните сервери.

Извор: Facebook, The Verge, ABC

Претходна статијаИ Skype додаде “Snapchat” филтри во својата апликација
Следна статијаVortx е Kickstarter кампања која сака да ги донесе основните елементи од игрите во вашата соба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.