Сигурен сум дека сите ние имаме пријатели чии објави на Facebook некогаш едноставно не можеме да ги гледаме веќе. Дали се работи за често објавување на политички ставови, слики од своето дете или можеби ново започнатото хоби, некогаш едноставно се заситуваме да гледаме едни исти објави од одредена личност.

Да, Facebook ја нуди можноста да не ги следиме веќе овие пријатели преку Unfollow можноста, меѓутоа тоа прави потоа да заборавиме дека сме го направиле тоа, па да пропуштиме и објави што би сакале да ги видиме.

Токму за ваквите ситуации Facebook воведува нова можност, наречена Snooze која во основа прави Unfollow меѓутоа само во наредните 30 дена, по што објавите повторно ќе бидат прикажувани на нашата листа.

Snooze може да се направи како на пријателите, така и на страните и групите. Пред истекот на 30те денови, Facebook ќе не извести за истото, а самите можеме и порано да ја исклучиме можноста.

Ова дефинитивно е можност која според мене е баш „средината“ која недостасуваше. Често одредени објави сакам да ги сокријам од мојата листа, меѓутоа подоцна ќе пропуштам нешто што ме интересирало.

Оваа можност исто така сигурно ќе се погоди како корисна и за групите. Сигурно сте имале ситуација да добивате многу известувања од групата на Facebook преку која се организирате за прослава на повеќе години од матура, на пример. Во тие месец дена додека трае организацијата секојдневно ќе добивате известувања кои немаат врска со прославата, туку само со некои „интересни“ објави од група на пријатели кои немаат попаметна работа од тоа да пишуваат некои досетки.

Snooze опцијата ќе биде достапна во менито кое се отвора преку трите точки во горниот десен агол од објавите. Истата ќе им стане достапна на сите корисници во текот на наредните недели.

Извор: Facebook, TechCrunch

Претходна статијаИзберете преку 50 божиќни класици на Pickbox овие празници
Следна статија„И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ – нова кампања на РСБСП
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.