facebook-home-cursor

Ken Rudin одговорен за анализи во Facebook, во интервју за The Wall Street Journal изјави дека се во фаза на тестирање на технологија преку која што ќе собираат податоци за интеракцијата на посетителите со нивната содржина во секоја минута. Она што би го добивале како податоци се движењата на курсорот низ страната, односно колку време го задржуваат посетителите курсорот на одреден дел од страната или дали листата со новости е видлива во даден момент на екранот на мобилниот телефон.

Причината поради која Facebook би сакале да ги собираат овие податоци е подобрување на искуството на посетителите на нивната страна, како и попрецизно таргетирање на рекламите.  Дали оваа технологија ќе почне да се користи уште не е сигурно, а ќе се знае во наредните месеци.

Facebook не би биле први што користат ваква технологија за следење на интеракцијата на посетителите на веб страната. Сервисот за симнување на дигитални слики Shutterstock веќе го користи open source решението Hadoop преку кое што вршат анализа за тоа каде посетителите го задржуваат курсорот и колку време поминуваат над одредена слика пред да ја купат истата.

Претходна статијаNexus 5 достапен за резервација преку Negri Electronics
Следна статијаNexus 5 и Android 4.4 KitKat официјално претставени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.