13480150_1606400203022652_1553274677_n

Facebook оваа недела објави дека воведува промена во старото и познато лајк копче. Се работи за редизајн којшто не го менува целосно изгледот, меѓутоа менува една основна работа на него.

Копчето досега беше направено на сина позадина со логото на Facebook и зборот „Like“. Главната новина во новиот дизајн на копчето е што логото на компанијата е заменето со исто така познатиот палец нагоре, што според Facebook подобро ја одразува намената на копчето, а корисниците така лајкуваат почесто.

Покрај ова, копчето сега на него ќе го вклучува и бројот на лајкови, нешто што досега се прикажуваше до него. Исто така, дизајнот на сината позадина е направен да биде повеќе рамен, во стилот не сите модерни трендови.

Стилот на позадината ќе го добијат и останатите копчиња како што се Share, Follow и Save to Facebook.

13509157_141256652963165_434222153_n

Втора работа која ја најавија од Facebook е достапноста на две екстензии за Google Chrome. Двете екстензии се Share to Facebook и Save to Facebook. Истите се достапни во Chrome Web Store и можете да ги симнете преку следните линкови:

Како што кажуваат и самите имиња на екстензиите, тие се наменети за споделување на содржината којашто моментално е отворена во прелистувачот на Facebook или нејзино зачувување за покасно читање.

Втората екстензија е можеби и поинтересна. Со неа Facebook може да се каже дека влегува во директна конкуренција со екстензиите како што е Pocket, кои основна намена им е токму тоа, зачувување на содржината за покасно читање.

При притискање на копчето Save to Facebook достапна и е останатата зачувана содржина, па корисниците ќе нема потреба да го отворат Facebook за да ја видат.

Извор: Facebook

Претходна статијаСтотици гени се активираат по смртта, откриваат научниците
Следна статијаAndroid Nougat е официјалното име на Android N
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.