Фото: TechCrunch.com

Голем дел од бизнисите функционираат преку директна комуникација со своите моментални и потенцијални корисници директно преку нивните веб страни преку систем за разговори вграден на главната страна. На овој начин корисниците можат многу побрзо да бидат информирани за тоа што им треба, без потреба од барање и пополнување на формите за контакт.

Facebook како сопственик на можеби најпопуларниот сервис во светот за разговори, Messenger, сега сака компаниите да го користат и за комуникација со корисниците директно од нивните веб страни.

Тоа значи дека наместо развивање и имплементирање на сопствен систем за разговори, компаниите ќе можат на нивните веб страни да го имплементираат Facebook Messenger. За таа цел Facebook моментално со одредени компании тестира нов додаток (plugin) кој компаниите леснио ќе може да го стават на нивната веб страна.

Голем дел од компаниите веќе го користат Facebook, односно нивните Facebook страни за комуникација со корисниците, па можноста за разговор и преку нивната веб страна, сигурно ќе биде добредојдена.

Разговорите започнати преку додатокот на веб страната ќе бидат поврзани со Messenger сервисот, односно апликациите, па корисниците ќе можат да го продолжат разговорот и по напуштањето на страната.

Извор: TechCruch

Претходна статијаIntel ќе развива нови лаптоп чипови со AMD, ќе имаат Radeon графика
Следна статијаСега може да ги користите Google Maps да видите колку време се чека во вашиот ресторан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.