Facebook како за почеток на новата година, претстави план за развој на Messenger. Тој е составен од 6 точки во кои се разработуваат посебни аспекти од сервисот кои се планира да бидат унапредени.

Повеќето точки се во главно најава за подобрување на постојните достапни функции, без многу детали, но она што нас ни привлече внимание е најавата за поедноставување на апликацијата.

Како што повеќето знаете, Facebook Messenger со тек на време стана една сложена апликација која и од самата компанија почнуваа да ја нарекуваат платформа, а не само обична апликација од сервис за разговори.

За корисниците како мене на пример, кои сакаме апликација наменета само за обични разговори, додатоците кои со тек на време станаа дел од Messenger непотребно ја направија апликацијата сложена, па се помалку ја користиме на сметка на Viber.

Најавата за поедноставување е одлична новост, меѓутоа во планот не е истакнато на кој начин се планира истото. Останува да видиме на што точно мислат од Facebook.

„Поедноставување до задоволство

Изминатите неколку години развивме многу можности со цел да ги најдеме карактеристиките кои ќе продолжат да не издвојуваат. Доста од нив го најдоа своето место на пазарот, а некои не. Додека брзавме да ги развиеме овие нови функции, апликацијата стана многу пренатрупана. Очекувајте да видите како инвестираме во масовно поедноставување и средување на Messenger оваа година.“

Извор: Facebook

Претходна статијаСамсунг го претстави лимитираното издание на Галакси Ноут8 за Олимписките Игри Пјонгчанг 2018
Следна статијаBoeing го покажа хиперсоничниот наследник на Blackbird
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.