Повеќето апликации за разговори имаат поддршка за споделување на слики, покрај другото, но најчесто сликата не се испраќа во својата оригинална резолуција, односно истата е компресирана. Тоа се прави со цел побрзо испраќање на сликата, како и заштеда на интернет сообраќај на корисниците кои го имаат во помало ограничување.

Facebook Messenger веќе одамна има поддршка за испраќање на слики со повисока резолуција, па корисниците кои сакаат тоа да го направат, го имаат изборот при самото испраќање.

Сепак, се повеќе мобилни телефони доаѓаат со камери кои сликаат во повисока резолуција, која не ретко иде и до 4К. Сите кои имаат таков телефон знаат како изгледа сликата во оригиналната резолуција, а како изгледа откако ќе биде компресирана при испраќањето во порака.

Од оваа недела Facebook го зголемува лимитот на резолуцијата на сликите кои се испраќаат, па сега тие може да бидат испратени во 4К резолуција, односно во максимална резолуција од 4096 на 4096 пиксели.

Тоа секако е доволно за испраќање на квалитетна слика од повеќето денешни мобилни телефони.

За почеток оваа можност ќе биде достапна со најновата верзија на Messenger за Android и iOS во ограничен број на земји, по што ќе биде овозможена и за остатокот од светот во неделите што следат.

Извор: Facebook, The Verge, Android Police

Претходна статијаПрв поглед во технологијата за автономни возила на Apple
Следна статијаMicrosoft го менува системот за пребарување во новите верзии од Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.