Убедливо најпопуларната апликација за разменување пораки, Facebook Messenger, одбележа 1,2 милијарди активни месечни корисници. Фасцинантната бројка е уште поимпозантна доколку се знае фактот дека Messenger броеше 200 милиони корисници помалку пред помалку од една година.

Се чини дека ова е уште еден од интервалите во кои Messenger ја доживува својата популарност. Имено, се работи за раст од 20% во неверојатно кус период. Ваквиот раст, но и генералната популарност на оваа чет-апликација се должи на нејзината функционалност. При нејзиното именување е мислено како на чет-апликација, меѓутоа, Messenger е многу повеќе од само чет. Особено за тоа допринесуваат алатките кои стануваат достапни со последните софтверски надополнувања на апликацијата.

Таквата репутација кај корисниците сосема заслужено ја добива „титулата“ на главен виртуелен комуникациски канал. Тимот кој стои зад развојот на Messenger се служи со интересни техники за да го привлече вниманието на корисниците, за во извесен момент во иднина и официјално да го превземе приматот на основен комуникатор.

Се работи за копирањето на успешните елементи од големиот број на апликации кои всушност Facebook ги поседува. Тука може да се наведат Stories или Messenger Day кои дополнително го популаризираа Messenger кај тинејџерите. Покрај тоа, се воведуваат низа модификации кои водат кон трендот на визуелна комуникација. Најголем исчекор, може да се заклучи, направи виртуелниот асистент M, кој вклучува до сега, невидени, а мошне практични опции, како споделување на гео-локација, можност за плаќање, повикување на Uber и сл.

Извор: TechRunch, VB

Претходна статијаGoogle Chrome за Android со решение за прескокнувањето на позицијата на страните
Следна статијаРСБСП апелира: Внимателно возење за безбедни празници