Facebook претходно најави дека ќе им овозможи на корисниците алатка со чија помош ќе можат да дознаат дали следат руски извори на информации. Од скоро алатката е во функција. Со нејзина помош, секој корисник може да дознае дали некоја од страниците кои ги следи е креирана од рускиот „Главсет“ (InternetResearchAgency).

facebook

Алатката може да се најде во секцијата Facebook Help Center. Таа ќе ви претстави листа на страници евентуално поврзани со руската Агенција за интернет истражувања. Дополнително достапни се и информации поврзани со времето од кога ја следите. Слични услуги се достапни и за социјалната мрежа Instagram.

Марк Зукерберг првично ги отфрли наводите дека рускиот „Главсет“ можел да влијае  врз резултатите на американските претседателски избори од 2016 користејќи ја неговата платформа. Подоцна сепак призна дека организацијата успеала да сервира реклами кои фаворизирале еден од кандидатите. За истите се верува дека допреле до преку 10 милиони луѓе.

Како што познато, хистеријата од т.н. руско влијание во американскиот изборен процес не стивнува. Дури и по 1 година од победата на Трамп, руските медиуми се дежурен виновник за политиката во САД. Промоцијата на алатки од ваков вид, како и низата други опструкции кои се вршат врз руски медиумски куќи само ги докажуваат двојните стандарди и лажната демократија која се промовира на Facebook.

Изввори: The Verge, ReCode

Претходна статијаОчекувањата за свитливиот Galaxy X „уништени“ по информација од Samsung
Следна статијаПијаните возачи – закана за безбедноста во сообраќајот за време на празниците