Facebook ads

Сите редовни корисници на Facebook имате забележано дека покрај стандардната позиција на прикажување реклами, на десната страна од news feed-от, реклами во форма на предлози за страни добивате и на самиот news feed. Истите можете да ги следите со притискање на Like копчето или да ги сокриете и да изберете дека не би сакале да ја видите рекламата.

Facebook ad choice

Facebook најави дека ќе почне да прави избор кои реклами ќе ви бидат прикажани зависно од изборот што го правите при прикажување на истите. Доколку стиснете Like на реклама од страна од областа за вести на пример, Facebook ќе продолжи да ви „предложува“ ваков тип на страни и понатаму. Конкретно Facebook ова го објаснија со примерот дека доколку некој корисник почесто притиска да ја сокрие рекламата за електроника, тој корисник ќе добива помалку реклами од тој тип. Со овој потег покрај поголемо задоволство на корисниците, Facebook очекува и маркетарите, односно закупувачите на рекламен простор, да бидат позадоволни и нивните реклами да бидат прикажани на корисниците што навистина би биле заинтересирани за нивниот производ.

Претходна статијаNexus 7 2013
Следна статијаSamsung го претстави Galaxy Note 3
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.