games-newsroomcover

Уште од  самото создавање на Messenger како посебен дел на социјалната мрежа Facebook, тимот на развивачи гледа да ја претвори оваа апликација во еден вид на мултинаменска платформа, која што нуди голем број на различни опции надвор од границите на нејзината првична комуникациска употреба.

Facebook во неколку наврати ја покажа својата креативност изненадувајќи ги своите корисници кои сакаат да играат игри, почнувајќи од март оваа година кога во својата апликација Messenger ги вметна скриените игри- Кошарка и Фудбал. Тоа предизвика големо лудило кај помладата популација која придонесе да бидат изиграни 1.2 милијарди “спортски мечеви” помеѓу корисниците на оваа апликација.

Несомнено поттикнати од оваа огромна бројка, денес тимот на Facebook ја претстави својата нова опција наречена Facebook Instant Games. Главна цел на компанијата е задржување на своите корисници што е можно повеќе во своето опкружување без потреба од нивно лутање низ Play Store и App Store барајќи начин за забавно исполнување на своето слободно време. Со помош на Instant Games можете да играте игри со вашите Facebook пријатели без да морате истите да ги симнувате. Опцијата се базира врз HTML5 гејминг платформа која што ви овозможува пристап до листа од интересни игри сместени во категоријата за новости – во самата Messenger мобилна aпликација или на листата со новосит на Facebook.

games-titles-2

Тестирањето ќе се одбвива во затворена бета програма составена од вкупно 17 игри. Меѓу партнерите кои ќе ги изработат игрите за фејзбук се Konami, Zynga и King, а ќе можете да изберете помеѓу повеќе варијанти на нови игри и постари класици како што се Pac-Man, Galaga, Space Invaders, Word With Friends и многу други. До делот со игри ќе можите да стигните многу лесно само со едно кликње на иконка во симбол на гејмпад или џојстик во главното мени на апликацијата Мessenger. На Facebook секој корисник ќе може да го сподели својот најдобар резултат, од каде секој негов пријател добива директен пристап до истата игра и можност за искачување до врвот во листата на најдобрите резултати.

 

Ако сте личност која обожава да игра игри на својот смартфон чувајте ја ажурирана вашата Мessenger апликација која повторно ќе го разбуди детето во вас.

Извори: Facebook, The Verge, Android Central

Претходна статијаZTE бара име од заедницата за својот нов „самолеплив“ смартфон
Следна статијаИзборен компас – онлајн алатка за ориентирање на гласачите