Facebooks-headquarters

Се работи за социолошки експеримент направен пред нешто повеќе од две години на повеќе од 600.000 корисници на социјалната мрежа. Целта на експериментот била да се докаже постоењето на масовно ниво на емоционална заразност преку социјалните мрежи или со други зборови кажано, типот на постови кои што ги гледате на Facebook директно влијаат на вашето расположение, а со тоа и на вашите постови. За таа цел на избраните корисници, без нивно знаење, вршено е филтрирање на новостите од пријателите, во едниот случај биле намалени позитивните постови, а во другиот негативните. Резултатите покажале дека доколку вашите пријатели постираат негативни работи и вашите постови ќе почнат да стануваат негативни и обратно.

Се разбира по објавувањето на истражувањето доаѓа до веќе стандардниот проблем со приватноста на луѓето, а во овој случај и етичката страна на истражувањето. Што се однесува до приватноста, од Facebook уверуваат дека проценувањето, а со тоа и филтрирањето на постовите е правено од страна на софтвер и целосната содржина на истите никогаш не била читана од страна на личност. Дали е етички да се врши еден вид на манипулација на корисниците без нивно знаење е друго прашање на кое што одговор треба да даде општеството.

Од правен аспект Facebook не може да имаат проблем со експериментот поради согласувањето со нивните Услови за користење при креирањето на сметка на мрежата, услови кои што им дозволуваат вакви работи.

Друг проблем кој што се јавува со ваквите експерименти е нивната позадина, односно која е причината за нивното правење. Од Facebook кажуваат дека тоа е направено поради откривање на начинот на реагирање на корисниците на постовите од нивните пријатели за да можат да го следат степенот на користење на мрежата од корисниците. Од друга страна се истакнува загриженоста за можноста резултатите од ваквите експерименти да бидат користени за продавање на реклами. Еден можен начин на искористување на ваквите експерименти за реклами е филтрирањето на позитивните постови, односно нивното намалување, по што одреден огласувач може да го рекламира својот производ во ситуација на негативни емоции во тој период.

Експериментот е извршен на корисниците кои што постираат на англиски јазик.

Извор: The Verge, Cnet, Pnas

Претходна статијаWindows Phone 8.1 Update ќе поддржува креирање на папки на home екранот
Следна статијаGoogle ја гаси QuickOffice на сметка на новите Docs, Sheets и Slides
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.