facebook-gifts-f

Facebook Gifts е сервис кој што до пред една година можеше да се користи за купување на физички производи и испраќање на истите до вашите пријатели како поклон за нивниот роденден или било која друга пригода. Меѓутоа поради слабиот интерес од корисниците, овој сервис беше намален да работи само преку онлајн купони. Можеби поголемиот дел од вас не се ни запознаени со оваа можност на Facebook, поради нејзината слаба популарност, а посебно кај нас каде што купоните никогаш не почнаа да се користат.

Од Facebook оваа година се решаваат целосно да го исклучат сервисот, односно и делот за купони веќе нема да работи заклучно со 12 Август. Причината поради која што од компанијата го исклучуваат овој сервис е слабиот интерес од корисниците и малиот удел кој што го има во профитот на компанијата. Од Facebook нагласуваат дека тие сакаат да бидат страна која што компаниите ќе ја користат за да ги промовираат нивните производи, а со тоа и да ја зголемат својата продажба, меѓутоа не и да бидат продавница за производи и тие самите.

Исто така од Facebook тестираат ново Buy, односно Купи копче кое што ќе им овозможи на корисниците да купат одреден производ директно од нивната листа со новости. Производите ќе бидат прикажани како и било кој друг пост на Facebook, со тоа што ќе биде додадено копчето.

Извор: Engadget, Re/Code

Претходна статијаShazam достапен за корисниците на Mac
Следна статијаБесплатни енкриптирани повици на iPhone со новата Signal апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.