За сите корисници кои не знаат нешто конкретно да направат на нивниот iPhone или iPad, на пример, Apple пушти посебен канал на YouTube специјално наменет за туторијали. Тоа значи дека корисниците ќе може да најдат корисни информации поврзани со производите, односно како да направат нешто, што можеби не е очигледно.

Пример за тоа што до сега е достапно на овој канал се видеа за тоа како да се направи screenshot на iPhone или iPad, како да се избришат слики, како да се смени позадината, како да се ажурира софтверот и повеќе.

Каналот е нов, па досега се достапни само 10 видеа, но се разбира бројката со тек на време ќе расне, па овој канал може да се покаже како навистина корисен за голем број на корисници.

Каналот е достапен преку следниот линк, па можеби ќе најдете нешто што ве има интересирано за вашиот Apple уред.

Претходна статијаMicrosoft додава „табови“ во сите нивни апликации во Windows 10
Следна статијаMicrosoft ќе вложи неколку милијарди долари за обновување на кампусот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.