25 години по промоцијата на MacOS 7.0.1., според многумина најелегантниот компјутерски интерфејс за тоа време и практично нешто што барем малку наликува на денешните изгледи на оперативните системи (освен што е црно-бел), Apple реши да го реакутелизира.

Оние кои воопшто се сеќаваат на тоа време и компјутерската технологија во своите зачетоци сега можат да ја искусат магијата на користење „архе-оперативен“. Иако црно-бел и крајно едноставен, неспоредлив со она што е актуелно денес, овој оперативен систем им понуди на корисниците нешто што претходно беше предмет на имагинација. Корисникот можеше да користи апликации како Microsoft Word, Microsoft Excel, HyperCard или дизајнерски алатки како Pagemaker, MacDraw, MacPaint.

Без оглед на сите други околности, овој оперативен систем си обезбеди место во историјата поради самото време во кое беше користен. Емулаторот кој е достапен он-лајн преку вашиот пребарувач ќе ви понуди уникатно искуство, па дури и можност да играте некои од најпопуларните игри од тоа време како Risk, Cannon Fodder и Shufflepuck. Доколку сакате да го искусите комплетното искуство, постои и опција емулираниот оперативен систем да биде прикажан на целиот екран.

Интересно да се нагласи е дека она што денес го користите е супермоќен уред способен да врши неколку задачи истовремено, да ве поврзува со целиот свет и сите можни инормации е всушност  внуче на црно-белиот старец од 1991-ва година.

Извор: Mashable

Претходна статијаMicrosoft тестира нова технологија за заштеда на батеријата во Windows 10 Redstone 3
Следна статијаMicrosoft Authenticator апликацијата овозможува логирање без лозинка