Google го претстави новиот редизајниран Google Earth од сега достапен за корисниците на Android уреди и веб верзија за корисниците на Google Chrome. Новата верзија на популарната алатка за набљудување на планетата вклучува 3Д мапи од интересни локации, податоци за интересни места и интерактивни тури.

Интерактивните тури ги предводат експерти, историчари, научници и сл. со што корисниците имаат уникатно искуство и прилика да дознаат податоци од „прва рака“. Според Google, во моментов се веќе достапни повеќе од 50 различни тури, меѓу кои и тура низ танзанискиот Гомбе Национален парк и мексиканските Мајански градови. Турите се достапни преку новата секција „Voyager“.

За авантуристите, Google Earth го воведе популарното копче „I’m feeling lucky“, преку кое корисникот ќе биде одведен на некое неочекувано место, а во понудата се навистина голем број локации за кои е овозможен 3Д преглед.

Дополнително, покрај 3Д искуството од земјата, корисниците можат да надгледуваат историски, архитектонски или географски места и зданија од птичја перспектива со помош на дрон.

Двегодишната преработка на популарниот сервис извесно ќе овозможи уникатни искуства за корисниците, а во моментов е достапна само за корисниците на Chrome пребарувачот и Android уредите. Меѓутоа, од компанијата најавуваат ширење и на останатите интернет пребарувачи како и iOS оперативниот систем.

Извор: TheVerge

Претходна статијаYouTube воведе LiveStream преку мобилен телефон, но под еден услов
Следна статијаFacebook убедливо доминантен сопственик на најбараните апликации