Ова не е нешто што специјално го баравме, меѓутоа сепак кога веќе го откривме, сметаме дека би било штета да не се пренесе. Се работи за анимација во која се прикажува смартфон кој работи на таканаречениот Windows 95 Mobile.

Како што може да се заклучи од името, концептот е направен да покаже како би изгледал Windows Mobile оперативниот систем, направен во стилот на стариот Windows 95. Познатите „плочки“ се направени во сивата боја која беше главна во корисничкиот интерфејс на Windows 95, а тука се и старите програми кои доаѓаа со овој оперативен систем, како и познатиот Office асистент Clippy.

Во видеото може да се видат и апликации како WhatsApp и Skype, како би изгледале на мобилен уред во тоа време и мора да се признае дека сето ова изгледа многу интересно.

Видеото е во продолжение…

Претходна статијаSony Mobile се повлекува од неколку светски пазари?
Следна статијаFacebook ја тестира функцијата Keyword Snooze
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.