Веќе одамна стана нормално да животните се чуваат во големи и пренатрупани хангари, наместо во услови кои барем наликуваат на нивната природна средина и начин на живот. Старите и мали фарми кои се во сопственост на фамилии, се поретко ги има, а производството го преземаат големите компании.

Кога веќе не се планира да животните, а во овој случај кравите, се чуваат во поголеми и отворени простори, во Русија се тестира нешто што ќе им направи симулација на кравите дека шетаат низ ливада.

Конкретно, специјално прилагодени очила за виртуелна реалност биле поставени на крави во фарма блиску до Москва. Целта била да се открие дали на тој начин кравите ќе имаат подобрено расположение, а со тоа и повеќе и подобрено производство на млеко.

Според властите кои се одговорни за тестот, кај кравите било забележано подобрување на расположението, но нема информации за ефектот врз производството на млеко.

Иако често стоиме зад тврдењето дека технологијата го подобрува животот и има позитивни ефекти, сепак во овој случај подобро би било да кравите едноставно се чуваат на отворен простор, да се пуштаат на ливади и слично. Просторот го има, што значи останува само профитот на компаниите кој би трпел во ваков случај.

ИЗВОРFuturism
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаФокусот на новите неофицијални рендери од Samsung Galaxy S11+, поставен на масивната камера
Следна статијаПрвата поголема надградба на Windows 10 за идната година ќе ја носи бројката 2004 и е при крај со развојот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.