Swyft
Фото: Swyft

Автоматите за кафе или цигари се составен дел од речиси секое прометно место. Уште пред децении тие ги заменија коиосците и трафиките, а денес „се закануваат“ да направат уште поголем исчекор во сферата на е-продажбата.

Модерните наследници на автоматите се солидно попаметни и можат дополнително да ги доближат производите до купувачите. Користејќи ја модерната технологија и сервиси како Uber или Lyft пазарењето би можело да биде никогаш полесно. Замислете да можете да нарачате нешто преку интернет да ви биде доставено пред вашата врата за само неколку минути.

Концептот на т.н. микро продавници веќе е во функција. Односно, околу 1.000 вакви „продавници“ се ставени во функција од страна на компанијата Swyft. Дистрибуцијата на своите паметни автомати тие ја започнаа на аеродромите или трговските центри. Но сега, одат чекор понатаму поставувајќи ги поблизу до местата каде потенцијалните купувачи живеат. Една од бенефициите е тоа што ваквите „продавници“ се секогаш отворени.

Со користење на различни технологии, во секој момент би се знаеле продуктите и нивните залихи во секоја конкретна машина. Па така, доколку купувачот сака да купи одреден производ тој би бил лоциран во конкретната машина. Од таму би го превземал сервисот за достава, а клиентот би ја добил порачаната роба за помалку од 1 час.

Машините на Swyft би биле опремени со камери кои покрај безбедност би можеле да служат во маркетиншки цели. Со нивна помош би можел да се одреди полот или возраста на купувачот, па соодветно на тоа да му бидат понудени одредени намирници. За реализација на проектот компанијата планира во текот на наредната година да склучи партнерство со 25 компании.

Извор: NY Post

Претходна статијаЛукави куќни помошнички – Опкружени со луксузот и богатството што никогаш нема да го имаат
Следна статијаMeizu го претстави M6s со сензорот за отпечатоци поставен на страната од уредот