Star-Trek-Beyond

Новото продолежние на Star Trek, Star Trek Beyond ќе има невообичаено многу акција, барем ако судиме според трејлерот. Покрај стандардните прикази на бродот и технологиите кои се користат за комуникација и истражување, ќе има доста борби во вселена и на копно, пронаоѓање на нови видови, тензија и забава. Веројатно постоењето на повеќе акција е логично земајќи предвид дека е филм и дека режисер овој пат е Џастин Лин, а не Џ. Џ. Абрамс.

Ако сакате да знаете што ќе ве чека – трк да го прегледате на видеото погоре. Премиерата во САД ќе биде на 22 јули 2016 г., а во филмот ќе настапат Идрис Елба, Софија Бутела, Зои Салдана и други.

Star Trek серијалот и франшизата се научна фантастика која спаѓа меѓу категориите на „тврда“ и „мека“. Тоа значи: повеќе факти, помалку неиспитани и нереални технологии, одреден фокус на развивање карактери, но не преголем, развитокот на приказната има еднаква тежина со приказот на технологиите и така натаму. Воедно, беа прилично побавни од акционите филмови кои обично спаѓаат во категориите „епска“ и „мека“ фантастика, барем досега. Изгледа дека со Star Trek Beyond тоа малку ќе се промени.

Извор: Gizmodo, CNN, EW

Претходна статијаFacebook го направи “Open Source” својот компјутер за вештачка интелигенција
Следна статијаHolovect – еднобоен холограм, кој не носи чекор поблизу до научната фантастика