Cnet

За жал ние не сме во Лас Вегас, можеби некогаш ќе отидеме, но до тогаш ја пренесуваме галеријата од порталот Cnet од влезот од штандот на LG на CES 2019.

Тие досега имаат стигнато најнапред во развојот на еластичен OLED екран кој може да се витка, како што можевме да видиме со одличниот и неверојатен LG SIGNATURE OLED TV R. Екранот на овој телевизор се намотува во основата која е направена да личи на обична комода за телевизор, со што се трга потреба од преземање на собата од огромниот екран.

Оваа технологија може да се искористи за разни интересни работи, па еве како LG го имаат „украсено“ влезот од нивниот штанд на CES 2019. Целата галерија можете да ја погледнете на Cnet на следникот линк.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаBose претстави систем кој ја намалува бучавата од патот внатре во автомобилот
Следна статијаIBM го претстави првиот комерцијално достапен квантен компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.