Cnet

За жал ние не сме во Лас Вегас, можеби некогаш ќе отидеме, но до тогаш ја пренесуваме галеријата од порталот Cnet од влезот од штандот на LG на CES 2019.

Тие досега имаат стигнато најнапред во развојот на еластичен OLED екран кој може да се витка, како што можевме да видиме со одличниот и неверојатен LG SIGNATURE OLED TV R. Екранот на овој телевизор се намотува во основата која е направена да личи на обична комода за телевизор, со што се трга потреба од преземање на собата од огромниот екран.

Оваа технологија може да се искористи за разни интересни работи, па еве како LG го имаат „украсено“ влезот од нивниот штанд на CES 2019. Целата галерија можете да ја погледнете на Cnet на следникот линк.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.