Компанијата Creator од САД ja отвори својата прва сендвичарница во која ќе продава бургери направени од свежи состојки, од страна на автоматизиран систем во кој не се вклучени луѓе, а ќе чинат 6 долари од бургер.
Како што истакнува основачот на компанијата Алекс, тој има работено во сендвичарница, па сакал да направи нешто различно. Целиот процес на спремање на бургерот е од страна на автоматизиран систем, па вработените во компанијата се тука само за одржување и помош, меѓутоа не и за директно правење на сендвичите.
Она што ја разликува оваа сендвичарница од останатите, покрај автоматизираниот систем на изработка, е нешто што е резултат токму на таа автоматизираност. Сендвичите се прават од целосно свежи состојки кои се спремаат или сецкаат во моментот кога е потребно да се направи бургер.
Тоа значи дека месото се сече и меле пред изработката на бургерот, зеленчукот не е предвреме исецкан, туку се сецка за време на правењето на сендвичот и слично.
Според авторот од TechCrunch бургерот е и навистина вкусен, па ќе му веруваме на него.
Оваа сендвичарница е првата која ќе служи и како еден вид на тест, односно за презентација на концептот. Првата официјална сендвичарница која ќе биде наменета за секојдневна масовна продажба ќе биде отворена во септември.