Доколку се прашаат обичните граѓани, уште реклами сигурно нема да кажат дека им се потребни. Уште од нивната појава по весниците, радијата, телевизијата, па денес на интернет, повеќето корисници се трудат како помалку од нив да видат.

Сепак, огласувачите и маркетинг агенциите сигурно никогаш нема да престанат да бараат дополнителни начини да го привлечат вниманието на потенцијалните купувачи, а реклама која се прикажува од вселената сигурно ќе може да го постигне ефектот.

Рускиот стартап StartRocket планира да испрати група од сателити во орбитата на Земјата кои ќе прикажуваат реклами. Нивниот систем наводно ќе биде спремен до 2020 година, а дали ќе биде реализиран изгледа зависи од тоа дали и колку реклами ќе бидат закупени.

Замислата на оваа компанија е прикажана во видеото подолу, па можете да видите како сето тоа би изгледало и што мислите за идејата.