140130-redstar-applications_500

Пристапот до технологија и интернет во Северна Кореа се верува дека е строго ограничен и контролиран. Го користиме зборот се верува зошто во ова време кога и западните демократии се обидуваат да воспостават контрола на интернетот и често може да видиме информации за следењето на комуникации од страна на владите, тешко е да се каже нешто за земја за која што ретко кој има реални информации.

Како и да е, сепак остануваат информациите дека во Северна Кореа контролата е очигледна и не се крие, односно властите се тие кои што строго го контролираат поголемиот аспект од животот. Интернетот претставува голема алатка во протокот на информации и слободата на изразување и информирање, па не е ни чудно што во земји како што е Северна Кореа пристапот до мрежата да е строго ограничен. Ретко кој има пристап до мрежата, а исто така не е толку голем бројот на луѓе кои што имаат пристап до националната интранет мрежа преку која што може да се дојде до одредени владини сајтови, научни трудови, како и пропаганден материјал од властите. До оваа мрежа во главно пристап имаат институциите и универзитетите.

Еден од универзитетите во Северна Кореа е и Универзитетот за наука и технологија во Пјонгјанг (Pyongyang University of Science and Technology) кој што е државен, но и финансиран од странство, а и голем број од предавачите се странски професори. Еден од тие предавачи е Will Scott кој што на интернет има пуштено интересни слики од официјалниот оперативен систем кој што се користи во земјата.

140130-redstar-background_500

Се работи за оперативен систем направен на основа на Linux, односно претставува северно корејска Linux дистрибуција. Името на оперативниот систем е Red Star и моментално е во верзија 3.0 која е издадена минатата година. Она што е посебно интересно, како што може да се види од приложените слики е неговиот кориснички интерфејс, кој што е направен да изгледа како OS X од Apple. Доле може да се види познатиот док на кој што се поставени кратенки до апликациите, прозорците се во сивата боја, а на горниот дел се наоѓа главниот панел. Овој оперативен систем е развиен од страна на Корејскиот компјутерски центар (Korea Computer Center KCC) кој што има започнато со развивање на свој систем пред 10 години.

Претходната верзија на оперативниот систем Red Star 2.0 има користено кориснички интерфејс кој што требало да изгледа како Windows. Како изгледала таа верзија од Red Star Linux можете да погледнете на следното видео.

Претходна статијаInside, апликација за навигација во затворен простор
Следна статијаSamsung ќе го претстави Galaxy S5 на Unpacked настанот според извори на New York Times
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.