Converted_file_723bd460

„Ден на независноста“ (Independence Day) е одличен филм кој го насочува вниманието кон човековата борба за опстанок преку играње на класичните „ние против тие“ племенски импулси. Иако филмот е далеку од некаква научно-поткована научна фантастика, неговото дејствие се бави повеќе со човечките приказни, страдањата и борбата која се спремни да ја дадат луѓето, а како чиста забава е феноменален.

20 години по првиот „Ден на независноста“ (1996 г.) доаѓа неговиот продолжеток, кој се вика „Ден на независноста: Препород“ (Independence Day: Resurgence). Во него ќе ги гледаме Џеф Голдблум, Бил Пулман, Лајам Хемсворт, Џеси Ашер и други. Се чини дека продолжението повторно ќе биде епско гледачко искуство кое ќе не’ држи залепени за екранот.

За жал, Вил Смит нема да настапи во продолжението. Според режисерот Роланд Емерик, актерот се заморил од снимање продолжетоци на филмови, иако на почетокот бил заинтересиран за повторно учество. Без него филмот ќе добие друга димензија која не можеме да кажеме дека ќе биде подобра или полоша.

Како и да е, рекламната шпица е импресивна и препорачуваме да ја погледнете. Нормално, американците секогаш победуваат во нивните филмови (дури и кога не победуваат). Битно е дека вонземјаните се исклучително напнати и лути што ги победивме во 1996-та, па овој пат решени се да ја срамнат Земјата. Но, ние ќе ги испратиме на едно место каде што Сонцето никогаш не грее, нели?

… нема да одиме тивко во ноќта, нема да исчезнеме без борба…!

Извор: Mashable, CBSLocal

Претходна статијаВеќе нема да има сигурносни надградби за старите верзии на Internet Explorer
Следна статијаRever 3D е прв навистина достапен семеен 3Д печатач