Shutterstock.com

Малите floppy дискети порано беа главниот медиум кој се користеше за пренос на податоци од еден на друг компјутер, односно може да се каже дека тие беа USB дисковите на деведесеттите.

Секако, капацитетот им беше толку мал што тие не можеа да се користат баш за многу работи, покрај пренесување на документи и слични датотеки, иако во тоа време и сите други работи имаа помала големина.

Интересно си има „поиграно“ со неговата IBM машина од 1995 „јутјуберот“ Dr. Moddnstine, кој го искористува нејзиното куќиште за да направи модерен компјутер.

Иако тој ги менува матичната плоча, става понов процесор, графичка картичка, па дури и USB читач во CD „плеерот“, сепак тоа што најмногу го привлекува вниманието е модифицирањето на floppy дискета и „драјв“ за да таа има капацитет од 128 GB.

Начинот на којшто тоа го прави е преку внесување на SD картичка во дискетата, односно точно каде што е отворот и поврзување на читач на картички во дравјот за дискетата. Тој има забележано дека поставеноста на сите потребни делови е точно погодена за да може да се направи промената.

Во видеото во продолжение можете да видите што тој има направено и како функционира.

ИЗВОРExtremeTech
ИЗВОР 2Geek
Претходна статијаМал историјат на стриминг сервисите
Следна статијаНова и популарна апликација за разговори од Емиратите наводно е апликација за шпионирање од страна на властите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.