телефон, движење на прстите, научници

Развојот на технологијата допринесе секој од нас да поседува најмалку еден уред преку кој може да се пристапува до Интернет, како и апликации за најразновидна употреба. Сепак, сите ќе се сложиме дека без оглед на тоа што практично сега се’ ни е на дофат, батериите на телефоните не се јаки како на старите телефони и тоа е нормално. Преоптоварувањето на софтверот, потребата од струја за да се изведат одредени операции внатре во телефонот си го прават своето.

Покрај телефоните, многу луѓе во светот веќе работат и со најразлични гаџети, без оглед дали станува збор за спортување, маневрирање со автомобилот и слично. Што е заедничкиот проблем на сите нив? Секако, како да ја одржите батеријата подолго “во живот”.

Група научници работеа на овој проблем. Станува збор за истражувачи од универзитетот во Бафало, како и Кинеската академија за науките. Нивната работа практично не’ донесе чекор напред во еволуцијата, а тоа е дека повеќе не мора да ги полните уредите преку штекер. Се’ што треба е  да располагате со т.н. специјален метален таб и да направите мало движење на телото со прстите. Нивното истражување е објавено во познатиот Nano Energy.

Тајната на целата работа се состои во ефектот наречен трибоелектрично полнење и тоа е нешто што повеќето луѓе всушност го виделе или почувствувале порано на некаков начин. Тоа значи дека трибоелектричното полнење се случува кога материјалот станува електрично наполнет по доаѓањето во фрикционен контакт со друг материјал. Практично, поголемиот дел од статичкиот електрицитет се случува на овој начин, како кога случајно ќе допрете некоја личност и добивате мал удар од него. Особено сте оделе претходно по тепих. Да, да  – сите го знаеме тоа чувство.

Овој вид на електрификација на контактите е прилично тешко да се претвори во корисен извор на енергија, иако има студии што го разгледуваа ова како можен чекор. Во суштина, главниот проблем е тоа што материјалите тешко се произведуваат или пак не се ефективни. Металните картички или табови кои ги споменавме претходно развиени од истражувачите наводно ги надминуваат овие пречки.

Баш би сакале да пробаме ваков вид на напојување. А вие?

Претходна статијаNASA ќе ја создаде најстудената лабораторија во универзумот на Меѓународната Вселенска Станица
Следна статијаInstagram воведува можност за „mute“ на корисниците, а се спремаат уште неколку други новини