Иако повеќе компании се „во игра“ кога е во прашање вселенскиот туризам, сепак ниту една не дојде до реализација на своите планови. Изгледа ќе почекаме до вистински вселенски понуди, а посебно кога ќе се земе во предвид цената на првите патувања, од неколку стотици, до повеќе милиони долари од човек.

Orion Span е уште една компанија која ќе ја ставиме во листата на компании кои сакаат да овозможат вселенски туризам за обичниот човек.

За разлика од другите, оваа компанија тоа сака да го направи преку овозможување на престој во првиот хотел во вселената, поточно во орбитата на Земјата.

Патувањето би траело 12 денови, а гостите, кои може да бидат до четири, плус двајца членови на екипажот од компанијата, ќе имаат уникатен поглед на Земјата, како и дополнителни организирани активности.

Експертите од областа на вселенскиот туризам, со кои се имаат консултирано од BBC, не се оптимисти се’ уште за успешна приказна од оваа област. Тие истакнуваат дека се’ уште ниту една компанија нема успеано да ја реализира својата понуда, а тука се и тестирањата кои треба да ги поминат луѓето.

Orion Span треба да започне со конструкцијата на својата мала вселенска станица, Aurora Station, оваа година, па уште не може да бидеме сигурни дали и кога ќе ја реализираат својата понуда.

ИЗВОРBBC
ИЗВОР 2Orion Span
Претходна статијаБрзи, моќни, создадени за бурното бизнис секојдневие: Новото moto g7 семејство е дел од Android Enterprise Recommended програмата
Следна статијаMozilla Firefox 66.0 достапен од денес со блокирање на страните кои автоматски пуштаат звук
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.