Nintendo
Media: City of Kyoto

Од денешна перспектива е тешко да се замисли како изгледал еден просечен град во Јапонија кон крајот на 19 век. Практично тешко е да се замисли како воопшто изгледал светот пред повеќе од 120 години наназад. Јапонија, земја која денес се смета за лулка на технологијата, дом на голем број врвни технолошки компании, во 1889-та била далеку од својот денешен статус.

Во далечната 1889 Јапонија е земја која се опоравува од сурова граѓанска војна. Земја во која настапува нов општествен систем кој цели државата да ја крене на ниво на светска супер сила. Односно, она што подоцна светот ќе го запамети како Јапонската Империја која ќе доминира по светот во наредните 60-тина години.

Но уште еден интересен податок се врзува за периодот на јапонската преродба. Тој податок се врзува со компанијата која ги смени животите на цели генерации и им го покажа светот на gaming-от. Во 1889-та година, во јапонскиот град Кијото основана е компанијата Nintendo. Секако, во далечниот 19-ти век основањето на компанијата не се поврзувало со gaming индустријата, барем не онаа која денес ја познаваме. Во секој случај, компанијата била посветена на креирање производи кои ќе служат за забава. Па така, во своите почетоци Nintendo се занимавал со карти за играње. Нивниот производ набргу станал популарен во Јапонија, а fastforward речиси 100 години, светот ќе ги запознае по играчките платформи кои беа неизбежен дел од „арсеналот“ на играчки на секое дете родено во 80-тите и 90-тите години од минатиот век.

Градот Кијото се подготвува за одбележувањето на 150-тата годишнина од почетокот на владеењето на Меиџи династијата и за таа цел подготви низа фотографии со значајни објекти од градот и неговата историја. Една фотографија, меѓу останатите се уште има актуелен значај. На неа може да се забележи првиот објект во кој била сместена компанијата Nintendo, тогаш наречена Marufuku Nintendo Card Co. Тажниот дел од приказната е што објектот физички постоел до „неодамна“. Имено, истиот е урнат дури во 2004-та година за да биде заменет со паркинг.

ИЗВОРTechno Buffalo
ИЗВОР 2City of Kyoto
Претходна статијаFacebook Messenger добива уште една алатка наменета за бизниси
Следна статијаЗвонко Вугрешек: Магистер на Архитектонски и член на Design Morphine