Лаптоп во кој се ставени шест од едни од најопасните вируси, дигитални се разбира, беше продаден како уметничко дело од страна на уметникот Guo O Dong. Продажбата била направена во форма на наддавање и лаптопот на крај ја има достигнато сумата од 1,345 милиони долари.

Целта на уметникот била да покаже дека дигиталниот свет има големо влијание на реалниот, а за тоа голем дел од луѓето не се свесни. Пример за тоа се овие шест вируси кои имаат предизвикано штета од неколку милијарди долари, како на бизниси, така и на државни институции.

Компјутерот кој е користен е Samsung NC-10, а уметничкото дело го носи името „The Persistence of chaos“. Guo O Dong во разговор со The Verge истакнува:

„Ја имаме оваа фантазија дека работите кои се случуваат во компјутерите не можат вистински да имаат влијание на нас, но тоа е апсурдно. Вируси искористени како оружје кои влијаат на електричната мрежа или јавната инфраструктура можат да предизвикаат директна штета“.

Компјутерот е безопасен доколку не се поврзе на некоја мрежа, Wi-Fi или преку кабел, сеедно, како и доколку на него не се поврзе USB стикче. Што планира со него да прави човекот којшто го има купено, не е познато, па може и ќе слушнеме во иднина за нешто.

Сепак, се истакнува дека се работи за веќе застарени вируси, па не може да се искористат за правење на некоја реална штета.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаИсториски пренос: Samsung, Spin Digital и SES првпат во Европа емитуваа 8К содржина преку сателит
Следна статијаСателитите на SpaceX од проектот Starlink ги загрижија астрономите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.