test-of-wits

Постојат многу споредби, тестови, истражување кои ги поврзуваат луѓето според мобилниот телефон што го користат, па покрај истиот мобилен, тие луѓе имаат и слични карактеристики. Така постојат истражувања според кои одредени корисници заработуваат повеќе, други се покултурни и слично.

Следниот тест сепак не е официјално истражување и не може да се смета како точно неговото тврдење, но сепак е интересно да се погледне. Се работи за online тест, направен од страна на Британската обложувалница Ladbrokes, кој е составен од 7 прашања што треба што побрзо да се одговорат. Прашањата треба да ја покажат способноста за решавање на проблеми, препознавање на шеми, како и пробивање на кодови. Прашањата сепак се прилично едноставни и се состојат од прашања, како на пример, некои месеци имаат 30 дена, некои 31, колку месеци имаат 28.

test-of-wits-question

Пред почнување на тестот единствена информација што море да се внесе е производителот на телефонот што го користите. Според резултатите до сега, односно просечното време потребно да се заврши тестот според производителите, истиот најбрзо го завршуваат корисниците на Apple уреди, а најбавно корисниците на Blackberry.

wits-results

Тестот можете и вие да го пробате на следниот линк.

Претходна статијаХакнати Twitter, Facebook и Blog сметките на Skype
Следна статијаОдложено излегувањето на Modern UI Firefox за Windows 8 за 18 Март 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.