Автопат кој е воедно и соларен панел е една од најгенијалните идеи во последно време. Со реализација, предничат Кинезите. Тие на 28-ми декември минатата година го отворија првиот километар автопат опремен, токму со оваа технологија.

Едниот километар автопат е прекриен со повеќе од 10.000 соларни панели. Истите се сместени помеѓу два слоја материјали, од кои логично, горниот е проѕирен. Постои потенцијал ваквите патишта во иднина евентуално да ги напојуваат електричните возила кои возат врз нив. Дополнително предност е тоа што самиот материјал може да ја менува температурата, па, на тој начин да го стопи мразот или снегот кој се собира патот.

Овој човечки генијален изум едноставно мораше да биде проследен со уште една универзално човечка особина. Имено, при рутинска проверка, само неколку дена по отворањето, украдено е праче од новиот автопат. Уредно исечена правоаголна форма широка 6cm и долга речиси 2 метри. Проценките за штетата се различни, а некои сметаат дека надминуваат илјадници долари.

Мотивите за ваквото дело сѐ уште не се утврдени. Материјалот е прецизно отсечен и земен како примерок. Според некои се работи за група чиј интерес е технологијата од која патот е направен. Ако се земе во предвид дека се работи за Кина, не би било невообичаено „крадецот“ да работи на реплика која ќе ја понуди по пониска цена.

Извори: Engadget, TechCrunch

Претходна статија“20th Century Fox“, “Panasonic“ и “Samsung“ продолжуваат да овозможуваат најдобро искуство при гледање телевизија преку HDR10+ технологијата
Следна статијаIntel го претстави првиот NUC компјутер со AMD графика