Mothership

Како и секогаш, а по тоа се веќе одамна познати, фановите на Apple во редици со денови, дури кампуваат пред продавниците од компанијата, чекајќи го почетокот на продажбата на новите модели. Тие сакаат да бидат меѓу првите кои ќе го купат најновото и најдоброто од Apple, па не ретко се и предмет на исмејување или чудење.

Huawei реши да направи еден вид на маркетинг потег од годинешното собирање на Apple фановите, чекајќи ги iPhone XS и XS Max моделите. Тие во маички брендирани со името на компанијата, делеа Power Bank батерии на присутните, а на кутиите пишува:

Mothership

„Еве ви батерија. Ќе ви треба. Подарок од Huawei.“

Ова е дефинитивно интересен потег, точно избран да ја истакне најголемата слабост на Apple телефоните, кои секогаш важеле за уреди со послаба батерија и не толку долго траење на истата. Од друга страна, уредите од Huawei важат за одлични на овој план, па кој подобро да ги „позеза“ фановите на конкурентната компанија.

Исто така, Huawei го зазема второто место во светот по производство на мобилни телефони, место кое го презема од Apple. Може да се каже дека „војната“ на пазарот, меѓу другото, се води и токму помеѓу овие два конкуренти.

ИЗВОРMothership
ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаЖртвата на Сноуден не беше залудна
Следна статијаYouTube канали што треба да ги следите (ТЕХНОЛОГИЈА)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.